ЕвропаЕвропа.Портал

Анкета: Повеќето Французи се за враќање на смртната казна

Повеќето луѓе во Франција би поддржале враќање на смртната казна, покажа истражување на институтот за анкети Ипсос.

Париз, 15 септември 2020 (МИА) – Повеќето луѓе во Франција би поддржале враќање на смртната казна, покажа истражување на институтот за анкети Ипсос.

Околу 55 проценти од анкетираните луѓе се согласиле со изјавата: „Смртната казна треба да се врати во Франција“.

Поддршката за смртната казна била најсилна меѓу приврзаниците на десничарскиот популистички Национален Собир, предводен од Марин Ле Пен, а „за“ одговориле 85 проценти од анкетираните.

„За“ гласале и 71 процент од приврзаниците на конзервативната партија Републиканци.

Смртната казна во Франција беше укината во 1981 година, а последното бесење се случи во 1977 година.

Во истражувањето на Ипсос учествувале 1.030 лица на возраст над 18 години. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close