СветСвет.Портал

Анкета: Повеќето Американци ја поддржуваат одлуката за убиството на Сулејмани

Новата анкета на АП НОРК Центарот за истражување на јавното мислење покажа дека Американците иако се сомневаат во надворешната политика што ја води претседателот Доналд Трамп, ја поддржале одлуката да нареди беспилотен напад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

 

Вашингтон, 24 јануари 2020 (МИА)- Новата анкета на АП НОРК Центарот за истражување на јавното мислење покажа дека Американците иако се сомневаат во надворешната политика што ја води претседателот Доналд Трамп, ја поддржале одлуката да нареди беспилотен напад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Во истражувањето што е спроведено две недели по убивањето на Сулејмани во Ирак, 41 процент од Американците ја поддржале акцијата, 30 проценти не ја поддржале, а останатите 53 проценти не се изјасниле.

– Отсуството на ескалација би можела да објасни дел од поддршката на народот, изјави Трита Парси, извршен подпретседател на Институтот Квинси.

Анкетата покажа дека 50 отсто не го одобруваат начинот на кој Трамп ја води надворешната политика, а 43 отсто не го одобруваат неговото управување со економијата.

Кога станува збор за партиска поддршка поврзана со убиството на генералот Сулејмани, 80 отсто од републиканците ја поддржуваат таа одлука, а само пет проценти се против, наспроти демократите од кои само 15 отсто ја поддржале таа одлука, а 53 отсто се против неа. ез/зш/

Back to top button
Close
Close