0_Web_АктуелноMakedonija.SlajderПолитика

Анкета: Ниските плати, криминалот, корупцијата и невработеноста се најважните проблеми во државата

Ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата, и невработеноста се трите најважни проблеми со кои се соочува државава, покажува анкетата на агенцијата Рејтинг, за перцепцијата на јавноста за можните кандидати за претседател на идната влада

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата, и невработеноста се трите најважни проблеми со кои се соочува државава, покажува анкетата на агенцијата Рејтинг, за перцепцијата на јавноста за можните кандидати за претседател на идната влада.

На четвртото место, според мислењето на испитаниците, најважниот проблем се високите трошоци за живот, а веднаш потоа иселувањето на луѓето.

На прашањето дали Влада предводена од СДСМ, или владата од ВМРО-ДПМНЕ може подобро да се справи со најголемиот проблем со кој се соочува земјата, 30 отсто од испитаниците одговориле дека со тој проблем подобро може да се справи влада предводена од СДСМ, а 26 отсто рекле дека тоа е Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашани кој потег, активност или мерка преземена од Владата на СДСМ изминативе две и пол години граѓаните го сметаат за најпозитивен, тие сметаат дека тоа е покачувањето на платите, минималната и просечната, а потоа напредокот во Евроатланските интеграции. На трето место е зголемувањето на социјалната помош.

Агенцијата ја мерела и перцепцијата на граѓаните за тоа дали влада предводена од Зоран Заев или влада предводена од Христијан Мицкоски би се справила подобро со различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава.

Повеќето од граѓаните сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за 4 отсто повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ, и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството. Во однос на другите мерени области нема значајни разлики во одговорите, односно ниту една од партиите нема значајна предност, соопшти Рејтинг.

Според анкетата, дури 44 отсто од анкетираните се изјасниле дека ниту Влада предводена од заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата.

Мнозинството граѓани сметаат и дека Зоран Заев би бил подобар премиер од Христијан Мицкоски.

На прашањето кој би бил подобар иден премиер на државата, 32 отсто од анкетираните рекле дека тоа би бил Заев, додека 27 отсто рекле дека тоа би бил Христијан Мицкоски.

Од граѓаните опфатени со анкетата, 44 отсто негативно ја оценуваат работата на техничките министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а 35 отсто рекле дека е позитивно. Еден од пет испитаника не знае или нема мислење за работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.080 испитаници, од 18 до 29 јануари, со метод интервју лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3 проценти.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close