0_Македонија.ПорталОпштество

Анкета на студентите од Факултетот за ветеринарна медицина за проблемот со бездомните кучиња

Со цел добивање основни информации за проблематиката на популацијата со бездомни кучиња, студентите при Факултет за ветеринарна медицина – Скопје и Центарот за благосостојба на животните под менторство на професорите Влатко Илиески, Пламен Тројачанец и Владимир Петков спроведуваат истражување и анкета наменета за жителите на град Скопје.

Скопје, 21 јули 2020 (МИА) – Со цел добивање основни информации за проблематиката на популацијата со бездомни кучиња, студентите при Факултет за ветеринарна медицина – Скопје и Центарот за благосостојба на животните под менторство на професорите Влатко Илиески, Пламен Тројачанец и Владимир Петков спроведуваат истражување и анкета наменета за жителите на град Скопје.

Целта на истражувањето, како што наведуваат во соопштение, е да се добијат податоци за ставот и навиките на граѓаните, на кои начини влијаат уличните кучиња врз секојдневниот живот, изворот на храна и вид на однесување кое се јавува кај оваа популација.

-Опстојувањето на популација на бездомни кучиња во град Скопје претставува вистински проблем за жителите, сопствениците на миленици, како и за туристите. Резултатите од истражувањето ќе придонесат кон утврдување на идните насоки во развој, подобрување и менаџмент на популацијата на бездомни кучиња. Со пополнување на оваа анкета, се гарантира правото на анонимност. Одговорите ќе се анализираат и презентираат исклучиво на група и ќе послужат исклучиво за научно-истражувачки цели, се појаснува во соопштението.

Анкетата е и дел од активностите кои ги спроведува Центарот за благосостојба на животните со цел проценка и следење на вкупниот број на бездомни кучиња на јавните површини во Скопје.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close