БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Анкета: Косовците незадоволни од работата на институциите, најпопуларна партија ЛДК

Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај уживаат доверба од помалку од 20 проценти од граѓаните, додека задоволни од косовското судство се 22,6 отсто од граѓаните, покажува најновото испитување на словенечкиот Меѓународен институт за студии за Средниот Исток и Балканот (ИФИМЕС), според кое 63,5 отсто од испитаниците се за предвремени парламентарни избори, против се изјасниле 27,3, а неопределени 9,2 процента.

Приштина, 18 октомври 2018 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај уживаат доверба од помалку од 20 проценти од граѓаните, додека задоволни од косовското судство се 22,6 отсто од граѓаните, покажува најновото испитување на словенечкиот Меѓународен институт за студии за Средниот Исток и Балканот (ИФИМЕС), според кое 63,5 отсто од испитаниците се за предвремени парламентарни избори, против се изјасниле 27,3, а неопределени 9,2 процента.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од работата на претседателот Тачи се задоволни 16,1 отсто, незадоволни 72,3 и неопределни 11,6 отсто. Малку повисок е процентот на задоволни од работата на премиерот Харадинај – 19,1 отсто (незадоволни 71,5, неопределени 9,4 отсто).

На прашањето за која партија би гласале кога сега би се одржале избори, 28,3 отсто одговориле дека тоа би бил Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), а 23,1 би гласале за другата опозициска партија, Движењето Самоопределување (ВВ), а 22,9 отсто својот глас би го дале на Демократската партија на Косово (ПДК). Следат другите три партии од владината коалиција: Алијансата за иднината на Косово (ААК) со 10,1, Социјалдемократската иницијатива (Нисма) со 5,2 и Алијансата Ново Косово (АКР) со 1,6 отсто. За третата опозициска партија, Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) гласот би го дале 2,2, за партијата Алтернатива 0,6 отсто, додека неопределени се 6,0 отсто од испитаниците.

Членството на Косово во Европската унија го поддржуваат 84,1 отсто (9,0 се против и 6,9 неопределени), а во НАТО 88,2 проценти од испитаниците (7,1 против и 4,7 неопределени).

Испитувањето на ИФИМЕС е спроведено од 19 до 28 септември годинава на репрезентативен примерок од 1.114 анкетирани граѓани на Косово.

Таг
Back to top button
Close
Close