ЕвропаЕвропа.Портал

Анкета: Германците поддржуваат намалување на бројот на американски војници

Луѓето во Германија во голема мерка одобруваат повлекување на 12.000 американски војници од земјата, според студијата цитирана од ДПА.  

Берлин, 4 август (МИА) – Луѓето во Германија во голема мерка одобруваат повлекување на 12.000 американски војници од земјата, според студијата цитирана од ДПА.

Според анкетата спроведена за ДПА од социолошкиот Институт „Југав“, околу 47 проценти од анкетираните поддржуваат намалување на бројот на американски трупи во Германија од 36.000 на 12.000.

Четвртина од испитаниците веруваат дека САД треба целосно да ги повлечат трупите.

Само 28 проценти од анкетираните велат дека одобруваат одржување на сегашниот број американски трупи, а четири проценти би поддржале зголемување на бројот.

Пет од шесте парламентарни партии на Германија го отфрлаат повлекувањето на американските трупи. Само Левицата ја поддржува оваа идеја, но исто така инсистира на целосно повлекување на американските трупи. Сликата е различна кај гласачите. Само приврзаниците на конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел остро се спротивставуваат на намалувањето на бројот на американски трупи. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close