Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Анкета: Црногорците најмногу доверба имаат во образованието и во СПЦ

Истражувањето на јавното мислење покажа дека црногорските граѓани најмногу доверба имаат во системот на образование и во Српската православна црква (СПЦ), јави РТЦГ.

Подгорица, 13 декември 2019 (МИА) – Истражувањето на јавното мислење покажа дека црногорските граѓани најмногу доверба имаат во системот на образование и во Српската православна црква (СПЦ), јави РТЦГ.

На системот на образование му веруваат 52,8 отсто од испитаниците, во СПЦ 46,6, потоа следува полицијата (45,7 отсто), здравствениот систем (43,4 отсто) и судството (41,9 отсто).

На Војската на Црна Гора и веруваат 40,5 отсто од испитаниците, додека довербата во Делегацијата на Европската унија во таа земја изнесува 39,7 отсто. Во институцијата Претседател на Црна Гора доверба имаат 37 отсто, а во Владата 36,2 отсто од анкетираните.

Црногорците најмалку веруваат во Обвинителството (33,2 отсто), Политичките партии (25,6 отсто) и на Црногорската православна црква (17,6 проценти).

Кога станува збор за оценка на работата на министерствата, најдобро е оценет ресорот Спорт, по што следат Министерствата за образование, здравство, внатрешни работи, одбрана…

Најлошо се оценети министерствата за економија, финансии, како и безресорните министерства. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close