ЕвропаЕвропа.Портал

Анкета: Австријците поддржуваат членство во ЕУ

Австријците, 25 години од влегувањето во ЕУ, со големо мнозинство го поддржуваат членството во ЕУ, покажа студија на Австриското друштво за европска политика (OeGfE).

Виена, 2 јануари 2020 (МИА) – Австријците, 25 години од влегувањето во ЕУ, со големо мнозинство го поддржуваат членството во ЕУ, покажа студија на Австриското друштво за европска политика (OeGfE).

Вкупно 75 проценти се за Австрија да остане во ЕУ, а само осум проценти се за повлекување.

Воведувањето на еврото како заедничка валута 71 отсто од Австријците го сметаат за позитивна одлука, а само 21 процент мислат дека е негативна.

Сепак, има помалку поддршка за Шенген, односно укинување на граничните и пасошките контроли меѓу земјите на ЕУ. Помалку од половина, односно 46 проценти позитивно гледаат на Шенген, додека 49 отсто имаат негативен став кон слободното патување во ЕУ.

Населението на Австрија исто така критички гледа и на проширувањето на Унијата, односно 43 отсто го поддржува залагањето на владата за проширување на ЕУ, додека 41 проценти се против.

Австрија на 1 јануари 1995 година стана членка на ЕУ. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close