БалканБалкан.Портал

Aнкара бара американски ракетни системи од типот „Патриот“

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека официјална Анкара побарала од САД да испратат ракетни системи „Патриот“ за поддршка на Турција во сириската провинција Идлиб.

Истанбул, 29 февруари 2020 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека официјална Анкара побарала од САД да испратат ракетни системи „Патриот“ за поддршка на Турција во сириската провинција Идлиб.

Чавушоглу изјавата ја даде во катарската престолнина Доха, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во судирите во февруари со редовната сириска армија во северозападна Сирија, во провинцијата Идлиб, загинаа 55 турски војници. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close