0_Спорт.ПорталФудбал

Англиската Премиер лига со најмногу претставници на ЕП

Најмногу фудбалери на претстојното Европско првенство доаѓаат од англиската Премиер лига. Помеѓу 118 играчи од клубовите во Англија се наоѓа и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Лондон, 8 јуни 2021 (МИА) – Најмногу фудбалери на претстојното Европско првенство доаѓаат од англиската Премиер лига. Помеѓу 118 играчи од клубовите во Англија се наоѓа и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

На второто место на оваа листа се наоѓа германската Бундеслига со 90 играчи.

Трета е италијанската Серија А со 70.

Во ТОП 5 се наоѓаат уште и шпанската Ла Лига со 39 и руската Премиер лига со 32 фудбалери.

Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 градови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close