0_Магазин.ПорталЗанимливости

Англичанец носел змија како маска во автобус (видео)

Друга жена која исто така, била во автобусот, и којашто побарала да остане неименувана, рече дека настанот бил „навистина смешен“, и оти животното не ги вознемирувало патниците.

Манчестер, 17 септември 2020 (МИА) – Човек од Велика Британија во понеделникот се качил во автобус на релација Свинтон – Манчестер, носејќи змија како заштитна маска.

Една од патничките изјави дека уште веднаш ѝ се чинело дека мажот носи чудна „маска“, сè додека не забележала дека змијата мрда и ползи околу шипката. Друга жена, која исто така, била во автобусот, и којашто побара да остане неименувана, рече дека настанот бил „навистина смешен“, и оти животното не ги вознемирувало патниците.

Кусо потоа се огласија и надлежните во Манчестер, изјавувајќи дека змијата не е cooдветен начин за покривање на лицето.

Заштитните маски во британскиот јавен превоз се задолжителни за сите, освен за деца под 11-годишна возраст и за лица кои не смеат да носат маски поради нарушено здравје или попреченост. си/

Таг
Back to top button
Close
Close