0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталФудбал

Ангеловски: Воопшто не треба да бидеме разочарани, огромно беше задоволството да се води Македонија на ЕП

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, вечерва на прес-конференција по поразот од Холандија (0:3) ги искажа своите впечатоци за дебитантското учество на едно Европско првенство.

Амстердам, 21 јуни 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, вечерва на прес-конференција по поразот од Холандија (0:3) ги искажа своите впечатоци за дебитантското учество на едно Европско првенство.

– Можам да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство. Воопшто не треба да бидеме разочарани. Ова беше наш дебитантски настап. Би сакал да им се заблагодарам на фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев за сè што направија на ЕВРО 2020. Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство, изјави Ангеловски.

Според најавите, и Ангеловски го имаше последниот натпревар како селектор, бидејќи, како што рече тој самиот, договорот со Фудбалската федерација на Македонија му истекува на 31 јули. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close