0_Спорт.ПорталФудбал

Ангеловски: Со задоволство го одработив секој момент како селектор

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по враќањето во Скопје од ЕВРО 2020, уште еднаш потврди дека си заминува од националниот тим.

Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по враќањето во Скопје од ЕВРО 2020, уште еднаш потврди дека си заминува од националниот тим.

– Со задоволство го одработив секој момент како селектор на фудбалската репрезентација. Причините за моето заминување се добро познати на јавноста. Среќен сум што го остваривме сонот на сите генерации. На македонската фудбалска и посакувам се најдобро во иднина и да се радуваме на вакви големи настани, изјави Ангеловски.

Неговиот договор со ФФМ истекува следниот месец, а во јавност се шпекулира дека односите на Ангеловски со федерацијата се нарушени и поради тоа нема да му биде понудено продолжување на соработката. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close