0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПолитика

Ангеловски: На подрачјето на СВР Штип санкционирани 106 возачи

На патиштата во источниот регион, кои се на територијата на СВР Штип изречени се 106 санкции за возачите. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Штип рече дека само 45 се за возење со брзина поголема од дозволената.

Штип, 17 април 2021 (МИА) – На патиштата во источниот регион, кои се на територијата на СВР Штип изречени се 106 санкции за возачите. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Штип рече дека само 45 се за возење со брзина поголема од дозволената.

– Овие засилени акциски контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови со цел намалување на бројот на сообраќајните прекршоци и сообраќајни незгоди. Откако ги започнавме овие засилени контроли евидентно е дека бројот на сообраќајни незгоди и пред се број на жртви во сообраќајни незгоди е во надолен тренд и постојано паѓа. 2020 година е, како што знаете, година со најмалку жртви, а истиот тренд продолжува и во 2021 година, вели Ангеловски. 

Периодот од 1 јануари до 15 април спореден со периодот од 1 јануари до 15 април минатата година за 12 отсто има  намалување на сообраќајните незгоди и за 14 отсто е намален бројот на жртви во сообраќајни незгоди.  

-Апелирам до граѓаните на Штип, но и до граѓаните на цела Република Северна Македонија заеднички да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и така да придонесеме за што побезбеден сообраќај и помалку сообраќајни незгоди на улиците и на патиштата, рече Ангеловски.

Посочи дека сообраќајните контроли низ цела држава ќе продолжат. Прашан за голем број на откриените случаи на дрога  меѓу осудениците во штипскиот затвор, Ангеловски со одговор дека откривањето на вакви случаи е доказ дека на терен се работи.   

-Затворот е во надлежност на Министерството за правда. Но, каков било настан којшто е поврзан со вакви случаи вклучено е  и МВР и како што гледате сите тие случаи се санкционирани. Токму откривањето на вакви случаи е доказ дека се работи на тоа поле и дека се засилени контролите, таква појава нема да се повтори, вели Ангеловски. вдј/бк/

Back to top button
Close
Close