0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderХроникаХроника.Портал

Ангеловски: Граѓаните да пријават ако службеници им бараат мито

Секој граѓанин, ако од него државен службеник побара каква било надокнада или мито, да го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи, апелира денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Скопје, 4 август 2019 (МИА) – Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелира денеска портпаролот, Тони Ангеловски.

-Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави, изјави Ангеловски, информирајќи за денешното приведување на петмината полицајци од ГП „Богородица“.

-Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, истакна портпаролот и дополни дека полицијата продожува со конктунирани проверки.

Ангеловски, како што претпладнево соопшти МВР; рече дека кај петмина полициски службеници од граничниот премин „Богородица“ се пронајдени и одземени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Тие се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дејствувал по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полицајците.

Портпаролот на МВР информира и за 45-те мигранти кои вчера полицијата ги пронајде во два наврата. мч/мс/

Изјава на портпаролот на МВР Тони Ангеловски

Posted by MИА.mk on Недела, 04 август 2019

Back to top button
Close
Close