0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ангеловски го одреди почетниот состав за дуелот со Австрија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија.

Букурешт, 13 јуни 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија.

На голот ќе биде Столе Димитриевски. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски.

Натпреварот кој за црвено-жолтите“ ќе биде деби на ЕП, ќе почне во 18 часот на „Национална арена Букурешт“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close