0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Ангеловска: Растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики

Растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики кои се водат. Фискалната политика која ја водиме какоВвлада е во насока на поддршка на приватниот сектор за развој на неговата конкуретност, преку поддршка на инвестициите во нови технологии, на извозно ориентираните, за задржување на квалитетни кадри, како и инвестиции во човечкиот капитал за зголемување на продуктивноста на долг рок, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Локално.мк.

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики кои се водат. Фискалната политика која ја водиме како Влада е во насока на поддршка на приватниот сектор за развој на неговата конкуретност, преку поддршка на инвестициите во нови технологии, на извозно ориентираните, за задржување на квалитетни кадри, како и инвестиции во човечкиот капитал за зголемување на продуктивноста на долг рок, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Локално.мк.

Ангеловска посочува дека растот на БДП во 2019 година, кој изнесува 3,6 проценти, е над проекцијата на Министерството за финансии, како и над проекциите на меѓународните финансиски институции.

Со растот на економијата се создаваат подобри услови за живот во сите сфери. Пред сѐ, поради тоа што минатогодишниот економски резултат е широко базиран и има подобрување во сите сектори и сегменти. Расте градежништво во 2019 за 5,9 проценти, расте трговијата за 4,7 проценти, земјоделството за 3,8 проценти, како и индустријата за 3,1 проценти. Гледано според расходната страна се бележи и раст на домашната побарувачка, со раст на приватната потрошувачка од 3.5 проценти на годишно ниво. Растат и инвестициите – забележаа висок раст во четвртото тримесечје од 11,5 проценти или 6,6 проценти годишно. Значи, секаде има додадена вредност, вели Ангеловска.

Таа посочува дека од исклучителна важност е што овој резултат е постигнат со водење на прудентна политика на јавен долг, односно со стабилизирање на јавниот долг.

Според Ангеловска, намалувањето на стапката на невработеност е придружена со раст на вработеноста, а воедно и со раст на активното население кое во последниве три години е зголемено за околу 20.000 лица на пазарот на труд.

Она што е особено позитивно е што кај најмладата возрасна група од 15-24 години, каде има и најголема стапка на невработеност, невработеноста значително е намалена на годишно ниво, за околу 14 процентни поени и сега изнесува 35,1 проценти. Иако, повторно станува збор за висока стапка и работиме да ја намалиме, сепак охрабрувачки е тоа што имаме значајни резултати во пребродување на овој проблем, истакнува Ангеловска.

Оценува дека за намалувањето на стапката на невработеноста и зголемувањето на стапката на вработеноста влијаат активните мерки за вработување, како и инвестирањето во човечки капитал.

– Намалувањето на невработеноста и растот на бројот на вработените се постигнува преку премостување на јазот на понудата и побарувачката на пазарот на труд. На ова се делува преку инвестиции во човечкиот капитал, во образованието – на долг рок, а преку активните мерки за вработување на среден рок. Годинава се издвоени 1,3 милијарди денари за активни мерки за вработување, што е за два пати повеќе во однос на 2016 година или трикратно повеќе во однос на 2015 година, посочува Ангеловска во интервјуто. бак/сп/

Back to top button
Close
Close