Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Ангеловска: Проширена листата на продавници во кои ќе се плаќа со Домашната платежна картичка

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платеќна картичка. Новите дејности што беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платежна картичка. Новите дејности што беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Како што наведува дека Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема,  продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки и фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.

-Бирајте ги производите со “Купувам домашно” 🇲🇰 кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност, наведува министерката.

Прометот од македонски производи е дефиниран во правилникот за фискалните сметки https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/posts/291701392207063 скс/са/

Back to top button
Close
Close