БизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Ангеловска: Да се зачуваат што повеќе работни места, а товарот од кризата да го понесеме сите

Министерката за финансии Нина Агеловска очекува измените на владината Уредба за користење субвенции за исплата на плата во приватниот сектор да резултираат со враќање на дел од отпуштените работници, за што точниот број ќе се знае заклучно со 7 месецов  кога завршува рокот за аплицирање за финансиската поддршка од државата. Останува на ставот дека товарот од кризата треба да го понесе и јавниот сектор.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Агеловска очекува измените на владината Уредба за користење субвенции за исплата на плата во приватниот сектор да резултираат со враќање на дел од отпуштените работници, за што точниот број ќе се знае заклучно со 7-ми месецов,  кога завршува рокот за аплицирање за финансиската поддршка од државата. Останува на ставот дека товарот од кризата треба да го понесе и јавниот сектор.

За точниот број лица кои останале без работа упатува на официјалните бројки на Агенцијата за вработување од каде регистрирале дека има зголемување на бројот на невработени за 9 000.

Официјалните бројки што беа од страна на Агенцијата за вработување се дека  за 9.000 се зголемил бројот на невработени. Треба да ги гледаме официјалните бројки на Агенцијата за вработување затоа што се работи за дневни флуктуации. Ако се зборува за одјави и пријави значи на дневно ниво во нормални услови секогаш се случува едно лице денеска да е одјавено, му истекол договорот, утре повторно е пријавено и затоа се гледа зголемувањето на бројот на невработени којшто беше искомунициран дека се работи за околу 2.000 лица во март и околу 7.000 лица во април, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за вкупниот број лица кои поради кризата со Ковид -19 ја изгубиле работата.

Таа истакна дека целта на последната промена на условите за добивање субвенции за исплата на плата беше меѓу другото да можат сите погодени дејности да вратат дел од работниците кои ги одјавиле  во тек на кризата.

– Во однос на вкупниот број лица кои би биле вратени на работното место, за што рокот е до петок ќе следиме со Агенцијата за вработување и ќе информираме точно колку од овие кои биле одјавени од 10 март до 30 април ќе бидат вратени со спогодба на работните места до 7 мај бидејќи трае процесот и за тоа навреме ќе информираме. Наша заложба и цел со оваа Уредба е секако што повеќе да се зачуваат работните места и да се вратат работниците на работните места бидејќи е важно и за овој период и за периодот што следи затоа што целта е секако работниците да бидат продуктивни, компаниите да можат брзо да се опорават кога ќе ги имаат на работните места наспроти да го загубат работното место и потоа добиваат помош од државата, укажа Ангеловска.

Прашана дали смета дека треба да има намалување на платите во јавната администрација Ангеловска повтори дека сите треба да понесат товар од аспект на кризната состојба во која се наоаѓаме, но оти Владата е колективен орган и ќе известат за одлуките што ќе се донесат.

-Дел од товарот го носат и работниците од приватниот сектор кои можеби овој период имаат намалени плати или кои загубиле работа и ако сето тоа го имаме предвид и ако ги имаме предвид мерките што значеа и намалување на работните активности на администрацијата, односно работат од дома преку еден ден која што се имплементираше, јас кажав дека сметам оти товарот треба да го понесеме сите. Од финансиски аспект се спроведе кратење во однос на реалокации помеѓу буџетски корисници со цел да се овозможат средства за реализација на мерките, бидејќи треба да го помогнеме приватниот сектор, којшто ги генерира даночните приходи кои се паднати за 31 отсто, а тие приходи се користат за да се исплатат обврските меѓу кои и платите на јавната администрација. Ако сето тоа го имаме предвид јас го кажав мојот став, меѓутоа секако Владата е колективен орган, носи заеднички одлуки и во однос на понатамошните случувања околу тоа секако дека ќе информираме, рече Ангеловска.

Таа денеска на прес-конференција ги претстави најновите проекции на Министерството за финансии за забавувањето на економјата поради кризата со Ковид -19, според кои БДП ќе се намали за 3,4 проценти. Буџетските приходи во април се намалени за 20 проценти, но како што оцени работите засега се одвиваат пдобро од проектираното сценарио на Министерството за финансии. лв/скс/

Back to top button
Close
Close