БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. Функционалната и институционалната независност се неопходни барања на секоја централна банка во ЕУ. Овие принципи што се опфатени во законот треба да се применуваат целосно во земјата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close