Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Ангела Меркел утре ќе се обрати пред Европскиот Парламент

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе го посети Европскиот Парламент по повод почетокот на германското претседателство со ЕУ, по што ќе одржи дебата со европратениците, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 7 јули 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе го посети Европскиот Парламент по повод почетокот на германското претседателство со ЕУ, по што ќе одржи дебата со европратениците, јави дописничката на МИА од Брисел.

Канцеларката ќе ги презентира приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ, кое доаѓа токму во екот на длабока економска криза, а се очекува таа да го нагласи Западниот Балкан како една од најважните теми за Германија во текот на шестмесечното претседавање со Унијата.

Меркел физички ќе го посети Европскиот Парламент, но ограничено ќе биде присуството за медиумите поради коронавирусот, тие ќе можат да ја следат дебатата преку интернет. тм/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close