БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Јанез Јанша смета дека е можно да се формира нова словенечка Влада

Претседателот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, денеска објави дека е почнат вториот круг преговори за состав на ново парламентарно мнозинство, а со тоа и нова Влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 13 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, денеска објави дека е почнат вториот круг преговори за состав на ново парламентарно мнозинство, а со тоа и нова Влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според изјавата на Јанша разговорите со потенцијалните партнери се одвиваат добро и додаде дека тие имаа слични размослувања околу приоритетите на Словенија и проблемите што новата Влада треба да ги реши.

– На разговорите не можат да се исполнат сите желби, но главните приоритети се слични на сите потенцијални парнер, изјави Јанша.

Инаку, СДС на Јанша веќе извесно време, за формирање на нова Влада разговара со претставници на на СДС (Словенечка Демократска Партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија).

До редовните парламентарни избори во Словенија има уште две и пол години. ав/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close