Дописници МКДОпштински вести

Јанев: Информациите што определени медиуми ги пласираат за мене се целосни лаги

Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев попладнево на неговата фејсбук страна ги демaнтираше информациите објавени во одредени медиуми дека му е одреден притвор заради изборен поткуп.

Струмица, 14 јули 2020 (МИА) – Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев попладнево на неговата фејсбук страна ги демaнтираше информациите објавени во одредени медиуми дека му е одреден притвор заради изборен поткуп.

-Последните денови, против мене како градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени структури се врши своевиден атак врз мојата личност. Очигледно е дека целта на овој континуиран напад е да се дискредитира мојата работа како градоначалник, но и да бидам оцрнет како човек, кој секогаш работи одговорно и чесно, пишува Јанев.

Додава дека е запрепастен од жестината на нападите и клевети, за кои смета дека е апсолутно апсурдно да ги коментира и во овој специфичен период да подгрева нечии страсти.

Како што појасни, разрешницата ќе ја бара во рамки на институциите, бидејќи според него тоа е единствениот пат по кој правдата и вистината ќе излезат на виделина.

-Најодговорно тврдам дека така наречените информации што определени медиуми ги пласираат за мене и ги шират преку социјалните медиуми се целосни лаги и апсолутни невистини. Со чисто срце и разум целосно ги отфрлам и демантирам и притоа упатувам апел, лудилото да му отстапи место на разумот и конечно сите да престанат да ја трошат својата креативна енергија и потенцијал на лаги и клевeти туку на нешто позитивно и добро, објави градоначалникот Јанев на неговиот фејсбук профил.

Информациите објавени во одредени медиуми дека на градоначалникот на Василево и на уште едно лице им е одредена мерка притвор ги демантираа и од СВР-Струмица.рт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close