0_Спорт.ПорталТенис

Андреску нема да игра на турнирот во Дубаи

Шампионката на УС Опен 2019, Бјанка Андреску ќе го пропушти турнирот во Дубаи, ОАЕ, објави денес „СпортсНет“.

Лондон, 22 февруари 2021 (МИА) – Победничката на УС Опен 2019, Бјанка Андреску ќе го пропушти турнирот во Дубаи, ОАЕ, објави денес „СпортсНет“.

Дваесетгодишната Канаѓанка е принуден да го пропушти турнирот поради повреда на ногата.

Оваа информација ја потврди нејзиниот агент Џонатан де Вејли. Според претставникот на тенисерката, нема ништо сериозно, само Андреску сака подобро да се подготви за премиерниот турнир во Мајами и да се погрижи за себе.

ВТА турнирот во Дубаи ќе се одржи од 8 до 14 март. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close