0_Спорт.ПорталФудбал

Анчелоти: Сакавме бод, освоивме три

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти е задоволен по денешната победа на гостувањето кај Вотфорд остварена со играч помалку.

Вотфорд, 1 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти е задоволен по денешната победа на гостувањето кај Вотфорд остварена со играч помалку.

Домаќините до самиот финиш на првото полувреме водеа со 2:0, од 71.минута имаа фудбалер помалку, но на крајот загубија со 2:3 во натпреварот од 25. коло во Премиер лигата.

– Фудбалот е многу непредвидлив. Кога останавме со играч помалку целта беше да се вратиме дома со еден бод, но успеавме да победиме со гол во последната минута постигнат по контранапад. Искрено, во првото полувреме не заслуживме да изедначиме, но со оглед на она што се случи минатата недела со Њукасл, сега како да ни се врати загубеното. Тимот е во добро расположение. Имавме прекрасна поддршка и многу сме среќни за навивачите. Победите во вакви натпревари ја зајакнуваат самодовербата. Имавме среќа. Треба да ја одржуваме концентрација, да станеме подобри и да бидеме сигурни во себе, затоа што имаме силен тим, рече Анчелоти.

По 25 натпревари, Евертон има 33 бода за 9. место на табелата во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close