Дописници МКДОпштински вестиОстанато

Анастасија Мингоска со прво место во кати се врати од Државното првенство во Скопје

Анастасија Мингоска, членка на Карате клубот  „Ускана“ од Кичево, на штотуку завршеното Државно првенство во карате за кадети, јуниори и каратисти до 21 година го освои првото место во кати во кадетска конкуренција и се избори за учество на Европското првенство што ќе се одржи во Финска од 20 до 22 август.

Кичево, 20 јуни 2021 (МИА) – Анастасија Мингоска, членка на Карате клубот  „Ускана“ од Кичево, на штотуку завршеното Државно првенство во карате за кадети, јуниори и каратисти до 21 година го освои првото место во кати во кадетска конкуренција и се избори за учество на Европското првенство што ќе се одржи во Финска од 20 до 22 август.

-Нашата членка Анастасија Мингоска прв пат учествуваше на еден карате шампионат во кадетска конкуренција. И покрај силната конкуренција го освои првото место во кати и стана државен првак за 2021 година. Овој пласман и донесе учество на Европскиот шампионат што од 20 до 22 август ќе се одржи во Финска, додека втората наша натпреварувачка Виола Фејза, која настапи  во категорија на кадетки кумите над 54 килограми не успеа од ова првенство да се врати со медал, информираа од КК „Ускана“.

Предводник на оваа успешна генерација каратисти е тренерот проф. Неџби Дервиши.

Со овој пламан Мингоска ја продолжува серијата успешни резултати почната пред неколку сезони. за/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close