Оригинални текстови

Анѓушев на панел дискусија „Бизнис и дипломатија“: Има сериозен простор за напредок и подобрување во сегментот на дипломатијата 

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев учестувуваше на Панел дискусија на тема „ Бизнис и дипломатија“, организирана од Меѓународен балкански универзитет.

15 мај 2019 

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев учестувуваше на Панел дискусија на тема „ Бизнис и дипломатија“, организирана од Меѓународен балкански универзитет.

Пред студентите и присустните на Универзитетот, за пристапот на Владата кон странските инвестиции, Вицепремиерот истакна дека бизнис дипломатијата е значаен канал и претставува битен елемент кон целокупниот моедл за воспоставување на одржлив економскиот раст и развој.

„Нашата дипломатија пред сè треба да биде ориентирана кон бизнисот. Ќе ги разгледаме сите аспекти во тој дел бидејќи нашата економија мора да биде отворена, како и што е случај со секоја мала земја. Ако зборуваме пред сè за индустрија, таа мора да биде извозно ориентирана и тука мислам дека бизнис дипломатијата треба да си го заземе своето место“. изјави Анѓушев,

Вицепремиерот нагласи дека во Северна Македонија постои сериозен простор за напредок и за подобрување во овој сегмент, како и дека е значајно токму овој тип на панел дискусии каде младите луѓе имаат можност да дебатираат, да се слушне нивното мислење, особено затоа што има што да се научи и од нив.

Кабинет на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања 

_______________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close