0_Спорт.ПорталФудбал

Џан пред преселба во Дортмунд

Трансферот се очекува да чини 23 милиони евра и Џан ќе потпише договор со „жолто-црните“ до 2024 година.

Торино, 27 јануари 2020 (МИА) – Борусија Дортмунд се многу блиску до привлекување на играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан.

Според „Газета Дело Спорт“, Германците го следат халфот, откако тој беше изоставен од составот на Јуве во Лигата на шампионите.

Трансферот се очекува да чини 23 милиони евра и Џан ќе потпише договор со „жолто-црните“ до 2024 година.

Џан беше привлечен на слободен трансфер во Јуве во летото 2018 година од Ливерпул. Сепак, подоцна беше откриено дека италијанскиот шампион платил 16 милиони евра во провизии.

Таг
Back to top button
Close
Close