Svet.SlajderСветСвет.Портал

Американските воено-воздухопловни сили прекинуваат една од програмите за хиперзвучни оружја

Американските воено-воздухопловни сили затвораат една од двете главни програми за разработка на хиперзвучно оружје, јави порталот „Дифенс Њуз“.

Вашингтон, 12 февруари 2020 (МИА) – Американските воено-воздухопловни сили затвораат една од двете главни програми за разработка на хиперзвучно оружје, јави порталот „Дифенс Њуз“.

Проектот HCSW – „Хиперзвучно напаѓачко конвенционално оружје” е затворен. Портпаролот на американските ВВС, Ен Стефанек, изјави дека одлуката не се должи на никакви технички проблеми, туку на буџетските ограничувања.

Раководството на ВВС одлучи сите средства да ги насочи во разработка на програмата ARRW – „Воздушни оружја за брза реакција“, што претпоставува разработка на систем со уникатен дизајн на авионите. Првите резултати од проектот ARRW се очекуваат до 2022 година.

И двете програми се разработуваа од воено-индустриската корпорација „Локид Мартин“ (Lockheed Martin).

Во финансиската 2021 година се планира вкупно да се потрошат 382 милиони долари за прототипи на хиперзвучни оружја. Буџетот за овие програми за една година е намален за 194 милиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Конгресот му предложи за овие цели во 2021 година да додели  3,2 милијарди долари. Во моментов американскиот буџет се финансира до крајот на фискалната година, а партиите во Конгресот веројатно ќе прифатат привремени буџети, што почнуваат од септември, по што ќе почнат нови преговори по изборите за Конгресот и претседателските во ноември. сд/

Back to top button
Close
Close