СветСвет.Портал

Американските власти објавија три снимки од НЛО-а (видео)

Луис Елизондо, поранешен разузнавач, во 2017 година, во емисија на Си-ен-ен рече дека има силни докази дека „не сме сами".

Вашингтон, 29 април 2020 (МИА) – Пентагон официјално објави три видеа кои прикажуваат „неидентификувани воздушни појави”. Тие претходно беа објавени и од една приватна фирма.

Американската морнарица лани ја потврди автентичноста на видеата. На нив се гледа како непознатите летечки објекти (НЛО-а) се движат, а американските војници зачудено коментираат како тоа движење е невообичаено брзо, но и дека може да станува збор за дронови.

– Ги објавуваме снимките сега за да ги расчистиме заблудите околу тоа дали тие се автентични или не, и дали има уште такви. По темелно разгледување, Министерството за одбрана одлучи дека официјално објавување на овие видеа кои не се сметаат за тајни, не открива никакви чувствителности и опасности и не би пречело на каква било наредна истрага за забележување неидентификувани воздушни појави во воениот простор, појасни гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоу.

Морнарицата сега има формален протокол за пријавување неидентификувани летечки објекти.

Луис Елизондо, поранешен разузнавач, во 2017 година, во емисија на Си-ен-ен рече дека има силни докази дека „не сме сами”.

Сенаторот Хери Реид, иницијатор на владиниот проект за следење НЛО-а, којшто беше активен 2007 – 2012 година, на Твитер го поздрави потегот на Пентагон, но и рече дека сега „површината на сѐ тоа е само начната“, односно има уште многу такви материјали и истражувачка работа.

„САД мора на сериозен научен начин да ги проучити потенцијалните последици коишто би ги имало од сѐ ова по националната безбедност”, додава Реид.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close