0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Сенатот отфрли повеќе барања на демократите за импичментот на Трамп

Американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Дебатата во Горниот дом на американскиот Конгрес сè уште не е завршена.

Вашингтон, 22 јануари 2020 (МИА) – Американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Дебатата во Горниот дом на американскиот Конгрес сè уште не е завршена.

Сенатот, кој е под контрола на републиканците, отфрли барања за документи што треба да бидат доставени во процесот од Белата куќа, Стејт департментот, Министерството за одбрана и Канцеларијата за буџет.

Сите барања беа одбиени со 53 наспроти 47 гласови.

Со толку многу гласови, беше одбиено и барањето на демократите да биде повикан да сведочи и Мик Мaлвани, директорот на канцеларијата за менаџмент и буџет, како и вршител на должност шеф на Кабинет во Белата куќа. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close