Svet.SlajderСветСвет.Портал

Американскиот државен обвинител формира работна група против насилство на демонстрации

Американскиот државен обвинител Вилијам Бар нареди формирање работна група за борба против, како што рече, „антивладините екстремисти кои вршат насилство за време на протестите низ целата земја“.

Вашингтон, 27 јуни 2020 (МИА)Американскиот државен обвинител Вилијам Бар нареди формирање работна група за борба против, како што рече, „антивладините екстремисти кои вршат насилство за време на протестите низ целата земја“.

Во меморандумот до полицијата и обвинителството, Бар истакна дека „екстремистите се вклучени во неодбранливи насилнички дела насочени кон поткопување на јавниот ред и мир“, вклучително и напади врз полицајци, уништување имот и закани кон невини луѓе.

Тој додаде дека демонстрантите припаѓаат на голем број идеологии.

– Некои се преправаат дека шират порака за слобода и напредок, но всушност тие се сили на анархија, уништување и принуда, рече Бар.

Протестите што во последниве месеци се одржаа низ САД, иако претежно мирни, во некои случаи станаа насилни, за што американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници ги обвинуваат левоориентираните екстремисти меѓу демонстрантите.

Трамп вчера повика на апсење на демонстрантите вклучени во обидот за уривање на статуата на генералот и поранешен претседател Ендру Џексон во паркот пред Белата куќа.

„Ја овластив федералната Влада да го уапси секој што уништува или оштетува каков било споменик, статуа или друг ваков федерален имот во Соединетите Американски Држави и да го казни со казна затвор до 10 години според Законот за зачувување споменици на ветерани или други важечки закони“, напиша Трамп на Твитер. паг/

 


Таг
Back to top button
Close
Close