СветСвет.Портал

Американски воен брод потона во Атлантикот

Јужната команда на поморските сили на САД потврди дека воениот брод „Фридом УСС Детроит“ потонал во западниот дел на Атлантикот.

Вашингтон, 8 декември 2019 (МИА) – Јужната команда на поморските сили на САД потврди дека воениот брод „Фридом УСС Детроит“ потонал во западниот дел на Атлантикот.

Бродот потонал при распоредувањето во подрачјето на одговорност на Јужната команда на поморските сили на САД.

Бродот сега претставува опасност за пловидба во тој дел на океанот.

Се претпоставува дека на бродот претходно избил пожар и оти членовите на екипажот го напуштиле.

„Фридом УСС Детроит“ припаѓа на класата најнови воени бродови на американската морнарица, а во употреба е од 2014 година. Тие бродови се дизајнирани за дејствување во крајбрежната зона и спроведување операции во борба против тероризмот, како и за специјални операции и дрза достава на товар до 700 тони. Неговата максимална брзина е 84 километри на час.

Бродовите се вооружени со топови калибар 57 милиметри, противавионски ракети, хеликоптери и беспилотни летала од типот МК-8. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close