Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Американски рабини бараат отстранување на Католичката црква од Аушвиц

Четворица американски рабини, предводени од њујоршкиот Ави Вејс, се собраа пред црквата во близина на нацистичкиот логор на смртта во Биркенау, во Полска, барајќи црквата да се отстрани од местото на кое се убиени повеќе од милион Евреи.

Биркенау, 27 јануари 2020 (МИА) – Четворица американски рабини, предводени од њујоршкиот Ави Вејс, се собраа пред црквата во близина на нацистичкиот логор на смртта во Биркенау, во Полска, барајќи црквата да се отстрани од местото на кое се убиени повеќе од милион Евреи.

Светските лидери во недела ќе пристигнат во Биркенау и блискиот Аушвиц на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на логорот во кој покрај Евреите се убиени и десетици илјади полски католици.

-За нас овој протест е дел од комеморацијата. Кога не би го изразиле своето длабоко, длабоко огорчување што црквата се уште е тука, ќе испратевме порака деке е тоа во ред, рече Вејс.

Рабините тврдат дека црквата не би смеела да биде на местото на едно од најголемите еврејски гробишта на светот и дека со тоа се крши договорот на европските кардинали со еврејските лидери од 1987 година, што вели дека во Аушвиц и Биркенау нема да има постојани објекти за католичка богослужба.

-Ова по мое мислење е најголемо сквернавење на историјата на Холокаустот, истакна Вејс.

„Под ова тло се гробишта, нивната крв проговорува низ земјата барајќи правда“, додаде тој.

Рабините бараат црквата да се премести на некое друго место во Освиецим.

Првпат оваа црква Вејс ја посетил во 1985 година, на 40-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, кога бил уапсен бидејќи го организирал протестното седење против тоа што се смета за обид логорот да се прикаже како доминантно христијанско мачилиште.

Вчера, кога мисата во црквата завршила, рабините се обиделе да влезат во црквата и да разговараат со насобраните верници и светштеникот. Но, тој ги одбил и им ја затворил, вратата од црквата. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close