Svet.SlajderСветСвет.Портал

Американски центри за болести: Бројот на заразени со Ковид-19 можно е 10 пати повисок

Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди дека вистинскиот број заразени лица може да биде десетпати поголем од бројот на потврдени случаи.

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Американската Влада предупредува дека е можно повеќе од 20 милиони луѓе во САД се заразени со новиот коронавирус, јави Глас на Америка.

Според „Вашингтон пост“, државите на САД објавија 39.327 нови случаи во четвртокот, што е најголем број во еден ден откако епидемијата почна во декември.

Податоците од универзитетот Џонс Хопкинс се малку под бројот од 24 април, кога за еден ден беа пријавени 36.400 случаи.

Директорот на Институтот за глобално здравје на Харвард, Ашиш Џа, за локалните медиуми изјави дека неодамнешниот раст на инфекциите е последица на предвременото отворање на економијата, што не ги следи соодветните безбедносни процедури.

Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди дека вистинскиот број заразени лица може да биде десетпати поголем од бројот на потврдени случаи.

Калифорнија, Флорида и Тексас – трите најнаселени држави во САД – повторно регистрираат рекорден дневен број на случаи на заразени. Тексас – над 130.000 заразени и речиси 3.000 смртни случаи. Флорида – над 114.100 заразени и над 3.320 смртни случаи и Калифорнија – над 195.600 случаи и над 5.729 смртни случаи. На Флорида денеска беа регистрирани рекордни над 9.000 слуаи за 24 часа. зш/

Back to top button
Close
Close