Дописници МКДОпштински вести

Американската компанија „Ки сејфти системс” подели 1.000 заштитни маски во Кичево

Американската компанија „Ки сејфти системс" (КСС) денеска низ булеварот „Ослободување" во Кичево на граѓаните им подели 1.000 заштитни маски.

Кичево, 7 мај 2020 (МИА) – Американската компанија „Ки сејфти системс” (КСС) денеска низ булеварот „Ослободување” во Кичево на граѓаните им подели 1.000 заштитни маски.

– Целта на оваа акција, која ја спроведовме, е да дадеме наш придонес во борбата против коронавирусот. За да се заштитиме поуспешно од вирусот, ние денеска поделивме 1.000 заштитни маски, рече една активистка на оваа компанија во Кичево.

Американската компанија „Ки сејфти системс“ (КСС), чија фабрика е лоцирана во индустриската зона, успешно работи во Кичево. Таа произведува воздушни перничиња за автомобили за познати светски автомобилски брендови, во неа моментално се вработени над 1.000 лица. рз/ир

Таг
Back to top button
Close
Close