Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Американската амбасадорка Брнз и градоначалничката Петровска открија две спомен-обележја во Битола

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз попладнево беше во посета на општина Битола, каде заедно со градоначалничката Наташа Петровска посетија неколку локации во градот, при што беа откриени и две спомен-обележја.

Битола, 28 јули 2021 (МИА) – Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз попладнево беше во посета на општина Битола, каде заедно со градоначалничката Наташа Петровска посетија неколку локации во градот, при што беа откриени и две спомен-обележја.

– Во сеќавање на американското училиште за девојки во Битола и американската воспитувачка и мисионерка Мери Луиза Метјуз 1888-1920. Мери Метјуз ќе биде запаметена како една од хероините која, наместо да си замине, избра да остане и да им биде подддршка на жените во тешките времиња, стои на спомен-плочата, која свечено беше откриена од страна на градоначалничката Петровска и амбасадорката Брнз на локацијата, на која за време на Првата светска војна, постоело американското училиште.

На локацијата, која претставува дел од старата градска архитектура и е сместена во централното градско јадро, како објект од културно значење, беше направен краток осврт за делувањето на оваа мисионерка од страна на Јове Парговски, вработен во Завод и музеј Битола.

Пред американското катче, амбасадорката и градоначалничата Петровска, заедно со директорката на Завод и музеј Мери Стојанова и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илиевски, се сретнаа со ансамбл од САД, кој настапува на фестивалот „Илинденски денови“.

 

Во паркот, пак, кај Градскиот часовник, беше откриено спомен-обележје на првата американска болница во Битола, која постоела за време на Првата светска војна. На настанот присуствуваа и претставнци на Општинската организација на Црвениот крст Битола, како симбол на поддршката која во тоа време ја дал Црвениот крст.

– По завршувањето на Првата светска војна, двете докторки од САД, познати како Ангелите од Битола, д-р Регина Флод Кејс и д-р Францис Мабел Флод, ја отворија првата американска болница во Битола, раководена од жени, со поддршка на Црвениот крст за да му помогнат на локалното население. Мотото на американската мисија беше: „Успеавме да ја добиеме војната, сега мораме да го добиеме мирот, пишува на спомен-обележјето. мт/сст/

 

 

Back to top button
Close
Close