Svet.SlajderСветСвет.Портал

Американската амбасада во Кабул предупредува на екстремистички напади врз жени

Амбасадата на САД во Авганистан предупреди дека екстремистичките групи планираат напади врз различни цели, но посебно врз жени

Кабул, 18 септември 2020 (МИА) – Амбасадата на САД во Авганистан предупреди дека екстремистичките групи планираат напади врз различни цели, но посебно врз жени.

Во соопштението од Амбасадата не се наведува за кои екстремистички групи станува збор, ниту за кога се планирани нападите.

Портпаролот на талибанците изјави дека тие не планираат напади.

Во меѓувреме во Катар почнаа преговорите помеѓу талибанците и Владата на Авганистан, што е клучен дел од мировниот договор што САД го потишаа со талибанците во февруари. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close