СветСвет.Портал

Американска компанија извезува лекови на база на марихуана во Израел

Компанијата „Ултра Хелт“ од американската сојузна држава Нов Мексико почна да извезува лекови на база на марихуана во Израел.

Албукерки, 26 март 2020 (МИА) – Компанијата „Ултра Хелт“ од американската сојузна држава Нов Мексико почна да извезува лекови на база на марихуана во Израел.

Претставничката на компанијата Мариса Новел неодамна изјави дека на почетокот на месецот почна извозот на лекови преку партнерската фармацевтска компанија „Панаксаи“.

Лековите се направени од канабис одгледуван во областа Берналило,  а компанијата „Ултра Хелт“ се смета за пионер во извозот на медицинска марихуана во Израел.

Првиот човек на компанијата, Дјук Родригез изјави дека властите во Нов Мексико „одиграле клучна улога во воспоставувањето деловна соработка со Израел“. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close