Дописници МКДОпштество

Амбулантата за кожни болести во Гевгелија повторно ќе започне со работа

Во просториите на некогашното Инфективно одделение при Општата болница во Гевгелија,за потребите на пациентите од регионот по подолг период ќе започне со работа Амбулантата за кожно венерични заболувања.

Гевгелија,16 февруари 2021 (МИА) – Во просториите на некогашното Инфективно одделение при Општата болница во Гевгелија,за потребите на пациентите од регионот по подолг период ќе започне со работа Амбулантата за кожно венерични заболувања.

Извесен период, по пензионирањето на специјалистот од оваа област, пациентите од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, кои имаа потреба од дерматовенеролог, беа принудени да се снаоѓаат приватно или со закажување во други здравствени установи во земјава.

-Пред неколку месеци од специјализација се врати д-р Софија Гугова која извесно време, согласно наметнатите потреби за справување со ковид пандемијата, беше ангажирана во обавување на други здравствени дејности. За непречена работа се обезбедени и неопходните просторни услови, така што амбулантата за кожни болести може ефективно да работи и да прима пациенти, потврдија денеска од Општата болница во Гевгелија.

Преку своите матични лекари, пациентите од општините Гевгелија, Богданци и Дојран веќе можат да бараат упати до специјалистот дерматовенеролог во гевгелиската Општа болница. им/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close