БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Амбасадата на САД во Приштина ги повика сите партии да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 29 мај 2020 (МИА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштението на Амабсадата се бара од сите косовски лидери да работат заеднички „за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово“.

– Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите институциии политички партии да ја спроведат денешната и сите други одлуки на Уставниот суд на Косово. Ние бараме од сите лидери да работат заедно за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово, се вели во соопштението на дипломатското претставништво на Вашингтон во Приштина. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close