0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Амбасадата на Бугарија донираше заштитни маски и хуманитарни пакети на општина Тетово

Амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов денеска имаше средба со градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, на која беше доделена донација составена од заштитни медицински одела и хуманитарни пакети со храна.

Тетово, 9 септември 2020 (МИА) – Амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов денеска имаше средба со градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, на која беше доделена донација составена од заштитни медицински одела и хуманитарни пакети со храна.

-И се заблагодарувам на градоначалничката за соработката. Ние се познаваме од пред десетина години. Донираме заштитни одела за медицински лица кои може да се користат 50 пати. Тоа се 14 специјални одела кои може да се користат до 50 пати тоа се 700 работни дена за лекарите на првите линии во соочувањето со Ковид-19.  Доделивме хуманитарни помош во храна за 30 социјално слаби семејства за кои чија распределба ќе одлучи општината. Зборуваме да продолжи нашата соработка и во иднина околу Дневен центар за деца со аутизам за да може да покажеме нашата солидарност кон народот и децата кои се соочувата со овој проблем, изјави по средбата амбасадорот Ангелов.

Градоначалничката Арифи истакна дека позитивниот гест на Амбасадата е значаен во тешки времиња како сега во соочување со Ковид-19.

-Сакам во име на граѓаните да се заблагодарам, бидејќи се работи за тешки времиња и кога цел свет се соочува со истите тешки времиња и економски и во соочување со вирусот. Оваа поддршка и помош ние е многу важна имајќи го во предвид фактот дека за да помогнете во време кога и вие сте во потешкотии значи да одвоите од себе за да бидете солидарни со другите. Во процедура сме на формирање на уште еден центар за помош и поддршка за деца со аутизам што е многу важно за политиките на општина Тетово, истакна Арифи.

Заштитните медицинска одела ќе бидат донирани во Клиничката болница во Тетово. ас/дма/

Back to top button
Close
Close