ЕвропаЕвропа.Портал

„Амазон“ најави нови илјада работни места во Ирска

Компанијата „Амазон“ најави дека во Ирска, во следните две години ќе отвори компјутерски центар, во кој ќе се вработат илајда луѓе, со што бројот на вработени во компанијата во земјата ќе се искачи на 5.000 лица

 Даблин, 27 јули 2020 (МИА) – Компанијата „Амазон“ најави дека во Ирска, во следните две години ќе отвори компјутерски центар, во кој ќе се вработат илајда луѓе, со што бројот на вработени во компанијата во земјата ќе се искачи на 5.000 лица.

Компјутерскиот центар на „Амазон“ ќе биде лоциран во Даблин. „Амазон“ е присутна во Ирска повеќе од 15 години.

Во Ирска корпоративниот данок е 12,5 проценти, што е втор најнизок данок во Европска Унија, и помага во привлекување на американските мултинационални корпорации како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Твитер“.

Во Ирска околу 250.000 луѓе работат во странски компании. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close