0_Спорт.ПорталФудбал

Алваро Мората ќе го пропушти мечот со Удинезе

Напаѓачот Алваро Мората ќе го пропушти натпреварот на Јувентус во 15. коло од италијанскиот шампионат, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Рим, 3 јануари 2021 (МИА) – Напаѓачот Алваро Мората ќе го пропушти натпреварот на Јувентус во 15. коло од италијанскиот шампионат, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид кој е на позајмица во Јувентус, нема да им помогне на своите соиграчи против Удинезе поради повреда на десниот колк. Дваесет и осумгодишниот Шпанец се повреди за време на тренингот пред мечот.

Натпреварот Јувентус – Удинезе ќе се игра вечер во Торино со почеток во 20:45 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close