0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Алонсо седнува до Гвардиола на клупата на Сити

Алонсо, кој играше под Гвардиола во Баерн Минхен во 2014-2016 година, во моментов го предводи вториот тим на Реал Сосиедад. Претходно, тој беше во составот на Реал Мадрид до 14 години.

Манчестер, 30 април 2020 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Реал Мадрид, Шаби Алонсо е кандидат за асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Менаџерот на „граѓаните“ е без помошник откако Микел Артета ја напушти позицијата минатиот декември за да го преземе Арсенал.

Алонсо, кој играше под Гвардиола во Баерн Минхен во 2014-2016 година, во моментов го предводи вториот тим на Реал Сосиедад. Претходно, тој беше во составот на Реал Мадрид до 14 години.

Минатата година поранешниот играч на Ливерпул призна дека го напушти Реал Мадрид во 2014 година и отиде во Баерн за шанса да ги „научи тајните“ на Гвардиола.

Во 2018 година Алонсо ја посети базата на Манчестер Сити за да се запознае со тимските методи на работа.

Таг
Back to top button
Close
Close