Фудбал

Алисон поради повреда ќе го пропушти Суперкупот на УЕФА

Прес-службата на премиерлигашот Ливерул, ссопшти дека голманот Алисон кој се повреди вчеравечер во 1. коло од првенството на Англија на дуелот со Норвич, нема да може да игра во Суперкупот на УЕФА.

Ливерпул, 10 август 2019 (МИА) – Прес-службата на премиерлигашот Ливерул, ссопшти дека голманот Алисон кој се повреди вчеравечер во 1. коло од првенството на Англија на дуелот со Норвич, нема да може да игра во Суперкупот на УЕФА.

Бразилецот има повреда на ногата и нема да замине во Истанбул со екипата следната недела.

– Немаше ништо лошо во играта освен повредата на Алисон. Ова, се разбира, не е добро за нас, но мора да видиме колку е сериозно. Тој не можеше да ја продолжи средбата, ова не е добар знак. Во среда, тој нема да игра, со цело мое искуство можам да го кажам ова сега, потврди тренерот Јирген Клоп.

Противник на Ливерпул во Суперкупот ќе биде Челзи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close