0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Алиоски: Пандев секогаш беше вистинска инспирација за мене, Ангеловски не натера да испишеме историја

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски, со емотивна порака преку социјалните мрежи искажа благодарност до досегашниот капитен Горан Пандев и селектор Игор Ангеловски.

Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски, со емотивна порака преку социјалните мрежи искажа благодарност до досегашниот капитен Горан Пандев и селектор Игор Ангеловски.

– Горан Пандев, ти секогаш беше вистинска инспирација за мене, и секогаш ќе бидеш единствен. Игор Ангеловски, во овие 6 години заедно, не натеравте да пишуваме историја! Само со зборови не може да се опише колку сум благодарен кон тебе, напиша Алиоски на Твитер.

Алиоски заедно со Стефан Ристовски, Елиф Елмас, Енис Барди, треба да бидат предводници на репрезентацијата кога веќе ќе го нема Пандев и неклоку други кои најавија повлекување од националниот тим. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close