Дописници МКДОпштински вести

Алијансата за Албанците одржува Централно собрание во Гостивар

Раководството и членовите на партиските органи на Алијанса за албанците го почнаа шестото централно собрание. Настанот се одржува во спортската сала „Младост“, по протоколи за заштита од ширење на ковид-19.

Гостивар, 12 септември 2020 (МИА) – Раководството и членовите на партиските органи на Алијанса за албанците го почнаа шестото централно собрание. Настанот се одржува во спортската сала „Младост“, по протоколи за заштита од ширење на ковид-19.

На седницата на собранието ќе се работи по дневен ред со шест точки и теми битни за партијата. Денеска треба да се изберат нови членови на Централното собрание и да се разгледа извештајот на Централниот изборен штаб за предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Партиските извори брифираа дека на оваа седница ќе се дискутира и за актуелната политичка состојба во земјата.

Исто така, се очекува Централното претседателство да добие нови членови. Седницата на собранието на АА се очекува да заврши во попладневните часови.зм/бт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close