Дописници МКДПолитички партии

Алијанса за Албанците:  Во Тетово живот во пандемија со отпадоци и без чиста вода

Алијанса за Албанците на прес-конференција денеска реагираше дека во Тетово во текот на пандемија, животот се одвива со насобран смет и недостиг на вода. Причините за тоа ги лоцира во лошото управување на општината.

Тетово, 4 август 2021 (МИА) –  Алијанса за Албанците на прес-конференција денеска реагираше дека во Тетово во текот на пандемија, животот се одвива со насобран смет и недостиг на вода. Причините за тоа ги лоцира во лошото управување на општината.

 За општинските власти, кои веќе подолго време не превземаат никакви мерки, можеби и нормално е градот да се дави и да биде преплавен со отпадоци. За нив можеби е нормално граѓаните со денови да останат без вода, а да не ги спомнуваме урбанистичкиот хаос и многуте други слични проблеми.  Но, за нас граѓаните, оваа состојба не е воопшто нормално, истакна Адхурим Лута од тетовскиот огранок на партијата.

Недостигот на вода, според партијата, е проблем кој не е решен со години, а кој ДУИ ветува дека ќе го реши во секој изборен циклус.

– Веќе со денови во домаќинствата  не тече ни капка вода. Зарем е толку тешко да се обезбеди вода за град што се наоѓа до ШараТреба да ги потсетиме локалните власти дека сеуште сме во услови на пандемија и дека водата е еден од главните елементи за заштита од овој вирус, рече Лута. ас/бак/

Back to top button
Close
Close