Политички партии

Алијанса за Албанците: Северна Македонија една од најзагадените земји во светот

Сведоци сме на алармантното загадување на воздухот што го вдишуваме, што ја прави Северна Македонија една од најзагадените земји во светот.

Скопје, 30 јануари 2020

Сведоци сме на алармантното загадување на воздухот што го вдишуваме, што ја прави Северна Македонија една од најзагадените земји во светот.

Слабите мерки преземени од Министерството за животна средина и просторно планирање не даваат позитивни резултати во заштитата на животната средина, а тоа е потврдено од високото ниво на канцерогени PM-10 честички.

Субвенционирањето на термичките пумпи со инвертер од 3,5 kw и печките со пелети е следниот неуспех на владата, бидејќи пелетите увезени од странство не се контролирани од државните инспекторати, иако нивната содржина може да биде опасна.

Во нашата земја се користат околу 4 милиони гуми и приближно 2 милиони литри моторно масло за циркулација на возила со погон на четири тркала и 250.000 литри дизел дневно, кои, во отсуство на постројки за нивно третирање, се палат на различни начини со загадување на воздухот во катастрофални размери без никаква контрола.

И како дивите депонии да не се доволно штетни, оваа неодговорна влада со години увезувала и продолжува да увезува отпад од други земји чија содржина е исклучително опасна за здравјето на луѓето.

Кога загадувањето на воздухот ја надминува дозволената граница за повеќе од 20 пати, државните органи мора сериозно да го сфатат загадувањето на воздухот затоа што граѓаните, освен што плаќаат даноци за животната средина, плаќаат и со своето здравје за неодговорноста на оваа влада.

Алијансата за Албанците долго време откриваше документи со кои се докажува небрежноста на владата за ова прашање, а нашите барања пак цело време наидоа на глуви уши, заради оваа причина во нашата платформа ќе обезбедиме конкретни мерки за решење на овој проблем.

Младински Форум на Алијанса за Албанците

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close